ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Намалени контролите за квалитетот на горивата

Намалени се контролите за квалитетот на горивата кои се продаваат низ земјава. Корона кризата го намали интензитетот на инспекциските контроли на терен, велат за Алсат од Бирото за метрологија. Од почетокот на пандемијата се направени само неколку испитувања кои не покажале негативни резултати.

Advertisements

„Со оглед дека се работи за пандемија од Ковид 19 сега контролите не ни се многу чести иако идејата беше многу чести контроли да правиме. Но, нормално, како ќе се нормализира ситуацијата јас се надевам дека до крајот на годината добар дел од оние планирани надзори што ги имаше Државниот пазарен инспекторат ќе ги завршиме.“

Оваа мобилна лабораторија која државата ја чини 500 илјади евра со месеци не е во употреба само заради намалените контроли. Таа лани беше набавена со цел редовно да се врши инспекција на бензинските пумпи, цистерните и останатите локации каде се чуваат горивата.

„Секогаш се манипулира во квалитетот, затоа е и битна оваа лабораторија. И тука треба да се испита дали некоја од параметрите се надвор од правилникот за квалитет на течни горива.“

Во лабораторијата се испитуваат примери од инспекциските контроли на Државниот пазарен инспекторат. Од оваа институција побаравме информации каде се вршеле контроли и по чие барање? Што откриле и кого санкционирале? Добивме површен одговор.

Државен пазарен инспекторат

„Мобилната лабораторија е набавена по наше барање до Владата за да може Државниот пазарен инспекторат да го испитува квалитетот на горивото, истата сè уште е во составот на Бирото за Метрологија кое ја има набавено со сопствени средства. Државниот пазарен инспекторат, освен една пробна контрола, други контроли со Мобилната лабораторија нема извршено.“

Наспроти ваквите информации, реалноста која се случува на терен е дека над 40 илјади тони поевтина црвена нафта се злоупотребува секоја година. Наместо во печките за греење, таа завршува во резервоарите на многу дизел-возила и земјоделски машини и енормно го загадува воздухот.

Ile Petrevski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button