ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Намалување на цената на храната од 5 до 12 отсто

Доколку во следниве десет дена трговците не ги намалат цените на прехранбените производи граѓаните треба да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат. Од Министерството за економија велат дека лебот, печивото, млекото и млечните производи, месото, јајцата треба да се продаваат од пет од 12 отсто пониски цени. Од денеска веќе компаниите од прехранбената индустрија склучуваат договори со ЕСМ за користење на поевтина струја. Ваква привилегија ќе имаат околу 1000 фирми од нив речиси 600 се пекари.

Advertisements

„Се очекува во следниве три до четири дена да има намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи“, велат од Министерството за економија.

Освен цените на храната надлежните уверуваат дека стабилизирани се и цените на огревното дрво и пелетите. Трговците не смеат дрвата за огрев да ги продаваат поскапо од 4500 денари за еден метар кубен. Во однос на пелетите пак, цената е ограничена на 270 денари за еден килограм. Обврската за намалување на цените на хрната доаѓа по обезбедената поевтина струја за прехранбениот сектор од страна на државата. До крајот на април овие компании ќе плаќаат 80 евра за мегават час, или двојно поевтино од цената која ќе биде на берзите од каде што тие до сега ја набавуваа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button