ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Намерно одолговлекување на „Таргет – тврдина“

Одолговлекувањето и предолгото чување во фиока на предметот „Таргет Тврдина“ од судијата Енвер Беџети кој се најде на црната листа на САД беше претходно нотирано и од самиот судски совет, вели Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција Сите за „Правично Судење“. Токму тоа што и од домашните судски инстанци се знаело дека овој судија направил пропуст, а не бил санкциониран за истиот за Аврамовски претсавува најспорниот момент во овој случај.

Advertisements

„Тој предмет особено проблематично беше што судскиот совет утврди дека имало свесно и намерно одолговлекување на постапката, но можете да забележите дека во голем број на овие предмети што беа медиумски експонирани, постапките пред апелациониот суд исто така траеја невообичаено долго и многу често резултираа со укинување на пресудата и повторно судење пред првостепениот суд што неминовно донесе на дополнителен проток на време кој можеби и немаше потреба да се случи“, рече Дарко Аврамовски, коалиција сите за правично судење.

Но, предметот со масовното прислушување „Таргет Тврдина“ во кој како првообвинет поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков доби 12 години затвор но беше ослободен поради застарување на делото, не е единствениот кој се одолговлекувал со години или по кој не се постапувало ефективно. Такви пропусти се утврдени и кај другите предмети кои постојано се актуелни во јавноста.

„Таму во суштина имаме најголеми забелешки во однос на ефикасноста во постапувањето, бидејќи има најмал број на донесени пресуди од сите иницирани предмети кои се водат таму. Лани го имавме најголемиот број на пресуди, но тоа во суштина се должеше на застарувањето на кривичните дела“, додава Аврамовски.

Коалицијата „Сите за правично судење“ презентираше наоди од истражувањата за работата на судовите и јавните обвинителства, а токму зголемениот број на заостанати предмети понатаму останува најголем проблем за судовите во земјава.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button