ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Наместо под перница, покорисно парите да се вложат во граѓански обврзници

Од јуни граѓаните заштедените пари под перница можат да ги инвестираат во граѓански обврзници, нова државна мерка со која ќе им се врати повисока каматна стапка од приватните банки. Обврзницата ќе чини најмалку 10.000 денари, но додека не се депонира законскиот лимит никој нема да праша за потеклото на парите. Ова ги покрена дилемите кај експертите дека може да постои ризик од перење пари. Засега не се знае која ќе биде највисоката граница што физичко лице може да ја вложи во граѓански обврзници, но од Народната банка велат дека секој денар над 10.000 евра ќе се проверува за потеклото на парите внесени во системот. Новата мерка за граѓански обврзници нема да биде ризик за перење пари, вели гувернерката Анита Бежовска.

Advertisements

Ваквите реакции уследија откако државата одлучи од јуни да издава граѓански обврзници, каде граѓаните заштедените пари ќе можат да ги вложат во двегодишни обврзници. Минималниот износ е 10.000 денари, каматата се уште не е одредена, но ќе биде повисока од онаа што ја даваат банките и пониска од задолжувањето од странство, или еврообврзницата. Доколку каматните стапки на банките за 24 месеци се просечно околу 2,5%, а на надворешните 6,25%, според пресметките, каматата што ќе ја имаат граѓаните ќе биде во просек 4,7% за вложените пари. Со новата мерка министерот Бесими вчера изјави дека очекува да се соберат околу 50 милиони евра, пари кои ќе го намалат надворешното задолжување од еврообврзницата со поголема камата.

„Граѓаните треба да се освестат дека вредноста на парите под перница, особено во време на инфлација, паѓа. Сега имавме висока инфлација и граѓаните лесно сфаќаат дека е подобро да ги вложат своите пари наместо да ги чуваат. Ако им требаат пари, можат да ги инвестираат во граѓански обврзници, што е новата мерка“, велат од Министерството за финансии.

Од истата мерка во Хрватска се инвестирани 500 милиони евра, а интерес се очекува и кај нас. Сепак, тука реагираа приватните банки, кои оценуваат дека државата станува конкурент на пазарот, посочувајќи на можен ризик граѓаните да ги повлечат парите депонирани во банките и да ги инвестираат во граѓански обврзници, гарантирани од државата и со повисока камата.

Надлежните велат дека 50 милиони евра нема да претставуваат ризик за дисбаланс на банкарскиот пазар.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button