ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наместо Русковска, Лиле Стефанова ќе го „чешла“ Арафат Муареми

В.д. раководителот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, назначи обвинители за продолжување на предистражната постапка за два предмета за кои суспендираната обвинителка Вилма Русковска не успеа да оформи обвинение.

Advertisements

„Случајот формиран по анонимната кривична пријава против повеќе лица во Управата за финансиска полиција ѝ е доверен на обвинителката Лиле Стефанова од Одделот за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања. Предметот за Центарот за техничка контрола „Виа Комерц“ е доверен на обвинителката за организиран криминал Катерина Коларевиќ“, наведоа од Јавното обвинителство.

Предистражната постапка против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, се заснова на сомненија за непостапување по некои анонимни предмети до кои дојде Финансиската полиција. По суспендирањето на Вилма Русковска поради прекршоци во постапката, Муареми си поднесе оставка.

Случајот со Техничката контрола „Виа Комерц“, се однесува на сообраќајниот центар каде што бил проверен автобусот кој излета од автопатот и се запали во Бугарија. Полицијата неколку месеци пред трагичната несреќа констатирала неправилности, но центарот продолжил да работи. Од Јавното обвинителство соопштуваат дека Пеливанов остварил повеќе средби со други обвинители, а отворените предмети и истраги се воделе без пречки согласно Законот за кривична постапка.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button