ЕКОНОМИЈА
Наместо во странство, марамчињата Бекутан „Алкалоид“ ќе ги произведува во Скопје

По 15 години производство во странство, „Алкалоид“ ќе започне со производство на влажните марамчиња Бекутан во нашата земја. Оригиналната формула на овие марамчиња креирана од фармацевтските експерти на „Алкалоид“ за прв пат е воведена во 2006 година. Процесот за нивно производство, како што информира фармацевтската компанија, ќе се спроведе во погоните на компанијата „Лафома“ во скопски Ѓорче Петров.
„Инвестицијата изнесува околу 4 милиони евра. Проектот вклучува адаптација на просторот за производство и складирање со вкупна површина од 3.200 м2. Максималниот годишен капацитет на оваа инвестиција е 50 милиони парчиња производи.“