ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ побара во Собранието да се формира Анкетна комисија за пожарот во Тетово

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ побараа формирање на Анкетна комисија за трагедијата која се случи во тетовската модуларна болница. Анкетната комисија ќе биде формирана со цел да се утврди политичката одговорност на надлежните, посочи пратеничката на опозициската партија Рашела Мизрахи. Комисијата ќе треба да утврди дали постои повреда во постапките, дали надлежните навремено реагирале и да се дефинира политичката одговорност.

„Некој мора да одговара за загубата на овие човечки животи. Одговорност мора и ќе има. Токму од тие причини, ние, како пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието ќе поднесеме предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните, одговорните лица и институциите“, рече Мизрахи.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ претходно и во Комисијата за труд и социјална политика бараа на дневниот ред да се вметне информација дали модуларната болница била безбедна и како се градела, па потоа да се дискутира за другите точки на дневен ред меѓу кои и Предлог законот за недела неработен ден. Пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија ова барање, а дебатата продолжи со меѓусебни обвинувања по што целата комисиска расправа беше прекината. Од Министерството за труд апелираа пратениците да не го блокираат законското решение недела неработен ден, кое се очекува да стапи на сила од први следниот месец.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button