ВЕСТИРЕГИОН

Напад на косовската полиција на граничните премини на север, вели министерот за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечла денеска на вонредна конференција соопшти дека изутринава во 7 часот и 40 минути, бил извршен напад врз полициски возила со кое се возеле припадници на полицијата кои требало да преземат смена на граничните точки.

Advertisements

Како што кажа Свечла, ова е четврти напад во последните три дена.

„На север околу 7 часот и 20 минути имаше напад врз косовската полиција која требаше да ја изврши промената на граничните точки. Овој напад, веќе докажан со рачна бомба и АК47 како терористички чин, е против полицајците и сите граѓани на Косово. Различни групи во последните три дена извршија четири напади во таа област. Првиот напад се случи, односно обид за напад со поставување метални ежиња на магистралниот пат, приближно во исто време со денешниот напад, за да се оневозможи работата на косовската полиција. Вториот напад со камења. Третиот напад се случи синоќа, кога беше стрелано со огнено оружје, а денеска, како што кажав претходно, директно беа погодени двете возила што превезуваа полицајци“, изјави Свечла.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button