КОШАРКАСПОРТ

Напад над новинар, Џоел Ембиид суспендиран на 3 натпревари

Џоел Ембиид, кошаркарот на Филаделфија, е суспендиран на три натпревари поради напад на новинар во соблекувалната.

Advertisements

Информациите за суспензијата ги дал Шамс Чаранија, добро информиран новинар и инсајдер. Конфликтот меѓу Ембиид и новинарот се случи поради текст, кој не му се допадна на еден од најдобрите играчи на денешницата.

„Следниот пат кога ќе пишувате за мојот мртов брат и мојот син, ќе видите што ќе ви направам и ќе живеам со последиците од она што ќе ви го направам“, му рекол наводно Ембид на новинарот пред физички да го нападне.

Ембид заврши со туркање на репортерот, а другите присутни спречија поголем скандал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button