Нападите од бездомните кучиња станаа речиси секојдневие во Гостивар и другите делови на Полошкиот регион
Нападите од бездомните кучиња станаа речиси секојдневие во Гостивар и другите делови на Полошкиот регион

Тргнал на работа, но не успеал да стигне бидејќи бил нападнат од бездомни кучиња! Вакви сцени во Новата населба кај градскиот стадион во Гостивар, како и во други населби низ градот, се честа појава. Жителите од населбата стравуваат дека покрај кучињата, може да се појават и болести од отпадоците и коските од животни што ги носат кучињата.
„Имаме многу проблеми овде. Покрај остатоците што ги гледате, имаме и голем број на кучиња скитници, бидејќи секој ден имаме напади на жители, во населбата. Вчера имавме многу лош случај на жена нападната од над десет кучиња. Среќа што другата жена видела можност и избегала за да си го спаси животот. Апелиравме до општината, преку социјалните мрежи, нешто да се преземе, но наидуваме на глуви уши. За жал, без да се мешаме во работите на општината, ние исто така имаме проблем подолго време, тие беа земени едно време, а сега остануваат и отпадоци во контејнери”, рече еден жител.
„Овде има премногу кучиња и не можеме да влеземе или излеземе.“ Погледнете ги коските, ни носат животински глави. Напаѓаат луѓе, не можете да одите натаму“, додаде друг жител.
„Не можеме да ја изнесеме внуката, еве има куче, има многу ѓубре. Три дена жубрето е таму“, рече еден жител.
За овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, од Општина Гостивар само ги креват рамената. Како и со години наназад, и овој пат велат дека има проект за регионално прифатилиште, но чекаат поддршка од Владата.
„Постои проект за регионално прифатилиште кое треба да се изгради во Општина Врапчиште, и веќе е распишан повик. Верувам дека ќе постигнеме договор, дека како општини од Полошкиот регион ќе аплицираме на овој повик или евентуално да најдеме средства од друг извор. Централната власт треба да има поинаков пристап за решавање на овој проблем, бидејќи тоа не е проблем само на една конкретна општина“, рече Валбон Лимани. Градоначалник на Општина Гостивар.
Освен Гостивар, со сличен проблем се соочуваат и Општина Тетово, како и сите рурални општини во Полошкиот регион. Градоначалниците на деветте општини со години како единствено решение на проблемот, гледаат на изградбата на регионалното прифатилиште, но тоа останува само на хартија./Алсат.мк
Башким Сулејмани