
Англискиот и европски шампион Манчестер сити доби казна од 120.000 фунти поради протест на своите фудбалери на одлуките на судијата за време на дербито против Тотнем.
„Граѓаните“ збеснаа поради одлука на судијата Хупер во последните минути од мечот, кога тој прекина контра-напад кон голот на лондонскиот гигант.
Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Сити прифатил дека фудбалерите не се однесувале на соодветен начин за време на инцидентот. Во хаосот посебно се истакна голгетерот на „граѓаните“, Ерлинг Халанд кој целосно ги загуби нервите.