СПОРТФУДБАЛ

Наполи со новиот тренер Калцоне против Барселона

Франческо Калцона е новиот тренер на италијанскиот шампион Наполи. Ова е трета тренерска смена во последната година кај „наполитанците“.

Руди Гарсија го замени Лучијано Спалети на самиот почеток на сезоната, потоа беше назначен Валтер Мацари, а сега 55-годишниот Калцона пристигнува во јужниот дел на „чизмата“.

Стратегот потпишал договор до крајот на сезоната. Тој денес ќе го има првиот тренинг, а утре ќе дебитира на кормилото на мечот против Барселона во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button