КОШАРКАСПОРТ

Напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг

Машката сениорска репрезентација на Македонија се наоѓа на 57. место на светската рејтинг листа, објави ФИБА, по завршувањето на квалификациите и олимпискиот турнир во Париз.

Advertisements

По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 198.2 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и триесеттата позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Тоа претставува напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг на Македонија во однос на претходниот. Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на десеттата позиција на светската ранкинг листа (има 698.9 бода), односно шестта во европски рамки.

Полска забележа пад од едно место, и сега е на 16.позиција во светот, односно на 10. во Европа со 599.8 бодови,  додека пак Естонија остана на 44. позиција во светскиот, и 22. во европскиот рејтинг, со 280.7 бода. Инаку, лидер во светскиот поредок останува Соединетите Американски Држави кој има 838.8 бодови, но сега на втората позиција се проби Србија која собра 758.9 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button