СВЕТ
Напредуваат преговорите за брегзит

Разговорите за Брегзит оваа недела напредуваа во некои области, но разликите остануваат за важни прашања, соопшти британскиот премиер, Борис Џонсон.
Тој додал дека оваа недела се одржани корисни разговори и дека е постигнат напредок за некои прашања, но дека сѐ уште има разлики околу клучните теми, објави Ројтерс.
Портпарол на британскиот премиер изјави дека преговорите ќе продолжат во текот на следната недела и дека Велика Британија сепак е посветена на постигнување договор со Европската унија.