ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наредниот месец започнува чистење на почвата во Охис

Идниот месец ќе почне да се чисти линданот во дворот на поранешниот хемиски гигант ОХИС. Ова денеска го најави министерот за екологија Насер Нуредини. Ќе се направи ремедијација на почвата и ќе се исчистат 1 500 тони опасен отпад од малата депонија. Контаминираната почва во Охис ќе ја чисти специјализирана компанија од Грција.

„Ние ќе се ангажираме да ги инфомираме граѓаните, жителите особено во тој предел да ги преземат сите потребни мерки пред да започнат активностите на имплелментација на проектот“, изјави Насер Нуредини, министер за екологија.

Додека се чисти линданот од ОХИС, лабораторијата на Природно-математичкиот Факултет ќе контролира дали во тој момент се загадуваат воздухот и почвата, со опрема донирана од Норвешка.

„Со Владата на Северна Македонија соработуваме три години за да го лоцираме овој еколошки проблем. Мојата Влада, се обрза да донира 1,5 милион евра на Владата на Северна Македонија, плус еден милион за силно да ја охрабри донаторската заедница да продолжи со овој процес“, рече Геир Јохансен, заменик амбасадор на Норвешка.

„Во ОХИС се депонирани линдан и изомери, ќе го следиме сето тоа, во почва и во воздух на почетокот, а потоа идејата е да се шириме и да одиме на мониторирање и на други органски загадувачи, бидејќи веќе се почнати истражувања и на испарливи органски соединенија во воздухот и тоа особено во зима кога е изразен проблемот со загадувањето“, изјави Марина Стефанова, раководител на лабораторијата.

Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти цела една година. Опасниот отпад ќе се извезе во две земји. Во Франција линданот, а во Холандија контаминираната земја под линданот. Но, решение за чистење на големата депонија, која е веднаш до малата, засега нема, и опасниот отпад се шири длабоко во земјата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button