ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Инфлацијата забавува во вториот квартал од годинава

Годишната стапка на инфлација во вториот квартал од годинава забавува, се посочува во кварталниот извештај што го усвои Советот на Народната банка.

Advertisements

– Во однос на остварувањата, растот на домашната економска активност забрза, малку посилно од очекувањата според последните проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал од 2023 година упатуваат на натамошен раст на економската активност во вториот квартал од годината, но поумерен. Годишната стапка на инфлација дополнително забави и на крајот на вториот квартал изнесуваше 9,3 проценти, што е во согласност со априлската проекција, се наведува во извештајот.

Надворешната позиција на економијата, оценува Народната банка, се подобрува, поради што девизните резерви се одржуваат во сигурната зона. Во првиот квартал од годинава, тековната сметка на платниот биланс бележи суфицит, а поволните движења во тековните трансакции, како што се наведува, се резултат на позитивните остварувања кај сите категории, но во најголем дел поради намалениот дефицит во размената на стоките со странство, пред сѐ поради понискиот увоз.

Поволни придвижувања има и кај монетарните податоци. Годишниот раст на депозитите и натаму забрзува и остварувањата се подобри од очекувањата според априлската проекција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button