ВЕСТИРЕГИОН

Нарушено здравјето на српскиот претседател, Вучиќ мора да одмара

По совет на лекарите српскиот претседател Александар Вучиќ откажа некои обврски, изјави Сузана Васиjeевиќ, советник за медиуми на Вучиќ.

Advertisements

„Здравјето на претседателот не беше во ред, а Урсула Фон дер Лејен пристигнува утре вечер и задутре сме со неа во Ниш, означувајќи го почетокот на работата на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, па мораше да застане. Така одлучивме, односно докторите му предложија да застане некое време и да се одмори“, изјавила Васиjeевиќ во емисијата на Еуроњус, пренесува „Н1“.

На прашањето дали јавноста треба да биде загрижена, таа одговорила дека не.

„Се надевам дека сѐ ќе биде добро, тоа е само прашање на замор“, рекла таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button