
За време на денешните судири меѓу приврзаниците на Трамп и Бајден во Вашингтон, полицијата уапси најмалку 20 лица.
По конфликтот, сегашниот претседател Доналд Трамп ги повика полицијата и градоначалникот на Вашингтон „да си ја завршат својата работа“, а тој ги нарече демонстрантите „левичарски радикалисти“.
„Вашингтон пост“ објави дека едно лице било прободено со нож кога имало тепачка помеѓу две групи на луѓе.
Полицијата затвори големи делови од центарот на градот, каде има продавници и канцеларии.