Насилството врз лекарите, загрижувачко

Медицинскиот персонал загрижено го крева својот глас за нападите врз нив. Податоците од неодамнешно истражување покажуваат дека речиси 80% од лекарите доживеале вербално насилство од пациенти или нивни роднини кои навредувале или викале по медицинскиот персонал.
Се уште не се изгласани законските измени според кои нападот врз лекарите исто ќе се гони кривично како и за напад врз службено лице. Сега напаѓачите добиваат или опомена или парична казна која често и не ја плаќаат. Министерот за здравство Беким Сали порача дека треба што поскоро да се гласаат законски измени.
“Во тек е усогласување на Законот за здравствена заштита со Кривичниот законик во делот на кривичните одредби за напади врз службени лица. Од функцијата министер, но и како лекар ќе се потрудам заедно со лекарската фела тие законски измени да ги направиме што е можно поскоро и да почне спроведувањето што е можно поскоро“, изјави Беким Сали- Министер за здравство
Останатите, 34,5 отсто од лекарите биле жртви на вербално насилство со закана за физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесни повреди и 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесни повреди. Според испитаниците, нападот најчесто го извршувале придружници или роднини на пациентите, а во помалку случаи самиот пациент. Само 30,9 отсто од анкетираните лекари кои доживеале некаков облик на насилство на работното место го пријавиле инцидентот, најчесто кај нивниот работодавец 70,6 отсто и во полиција 42,7 отсто. /Алсат.мк
Еви Шкопи