ЕКОНОМИЈА
Наскоро евра во нова форма; Европската банка објави најнови вести

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ги донесе сите клучни политички и правни одлуки што би овозможиле лансирање на проектот за дигитално евро до почетокот на следната година. По усвојувањето на регулативата, се очекува дигиталната верзија на европската валута да им стане достапна на корисниците во рок од две до три години, изјави членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне.
– Се надевам дека сè ќе биде завршено многу рано следната година. Донесувањето на законската рамка е неопходно, а потоа ќе имаме доволно време да го пуштиме дигиталното евро во оптек, рече Чиполоне на финансиска конференција.