Наскоро и трета доза вакцина кај нас, еве кој ќе ја прима

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро. Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза. Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.
Анкетираните од АЛСАТ ја изразуваат својата подготвеност да ја прифатат третата доза од вакцината против Ковид, иако тоа засега не се препорачува од експерти.
„Ги примив двете вакцини во Австрија, ако оние што се надлежни ги предвиделе, тогаш треба да ги земеме“, рече еден граѓанин.
„Не сум експерт и не знам што да кажам, имам земено две дози. Секако дека ќе земам ако ми препорачаат трета доза“, додава еден граѓанин.
Препораката на властите е третата доза да се земе 6 до 8 месеци по примањето на втората доза. Досега, над 690.000 граѓани се вакцинирани со две дози.
Вјолца Алити