ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Наскоро се очекува да стартува изградба на патот Тетово – Призрен, најавија косовскиот премиер Албин Курти, како и првиот вицепремиер на Македонија, Изет Меџити
Наскоро се очекува да стартува изградба на патот Тетово - Призрен, најавија косовскиот премиер Албин Курти, како и првиот вицепремиер на Македонија, Изет Меџити

Наскоро се очекува да стартува изградба на патот Тетово – Призрен, најавија косовскиот премиер Албин Курти, како и првиот вицепремиер на Македонија, Изет Меџити. Од страна на Косово договорите се одобрени и одвоен е буџетот, па дури почна и реализацијата. Од македонска страна, во фаза е подготовка на проект за тунелот долг 6,2 километри.
“Обновена е и работната група и забрзувањето на патот Тетово-Призрен, што значи дека наскоро ќе се отворат тендери за проектирање на тунелот долг 6,2 километри, кој е нешто подолг од Калимаш. Ова очигледно ќе го олесни сообраќајот особено во Тетово, Призрен и градовите во околината”, рече Изет Меџити – вицепремиер.