ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Наскоро средба меѓу работните групи на Србија и Македонија за изградба на брзата пруга

Формирани се работните групи меѓу Србија и Република Северна Македонија за изградба на брзата железница меѓу двете земји, а веќе и наскоро ќе имаат и првата работна средба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Advertisements

– Имајќи предвид дека во текот на изминатиот викенд беа организирани парламентарни избори во Србија коишто ја забавија динамиката на средби и комуникација помеѓу двете страни. Но, она коешто можам да го истакнам е дека заеднички ќе настапуваме и пред меѓународните финансиски институции, заеднички ќе настапуваме и во координација за поврзување на овој многу значаен проект од Коридорот 10 за брзата пруга, а од наша страна дополнително работиме и на заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија, а тоа е граничниот премин Табановце којшто ќе биде од македонска страна, а ќе биде заеднички за двете држави со обезбедени финансиски средства, вели Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button