МАКЕДОНИЈА

Наставата „онлајн“, ама оценувањето лично пред наставникот


Новата учебна година што се очекува да започне на 1 октомври ќе донесе и новини во однос на оценувањето на учениците. И покрај тоа што наставата ќе се држи онлајн, оценувањето на учениците ќе се врши со нивно физичко присуство во училниците. Ова денеска го најави министерката за образование, Мила Царовска, додавајќи дека упатството за оценување на учениците го подготвува Бирото за развој на образованието.

Царовска ги потсети и родителите кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба дека нивните деца имаат две опции за следење настава. Со физичко присуство на училиште или да обезбедат печатен материјал од наставниците. Во меѓувреме, директорите на основните и средните училишта веќе доставија до општините барања наставата да почне со физичко присуство, бидејќи тоа го бараат повеќето родители.

Некои директори велат дека дури и ако наставата се одвива преку Интернет, наставниците ќе држат часови од училница.

 За време на состанокот на министерката Царовска со директорите на основните и средните училишта беше информирано и дека се подготвува дигиталната платформа за онлајн учење и наскоро ќе им биде презентирана на наставниците. Минатата недела Владата одобри протоколи за физичко присуство на учениците во основните и средните училишта.

Melihate Rustemi                                       

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button