ВЕСТИ

Наставата со физичко присуство во училиштата започна за сите ученици од прво, второ и трето одделение

Со еден месец задоцнување утринава започна учебната година 2020-2021. Маските им ги покриваше насмевките на учениците кои во придружба на нивните родители се појавија во училишните дворови, некои за прв пат, а други по седум месеци отсуство од училиштата. Секој нивни чекор го следеа наставници за да се внимава дали сите ги почитуваат здравствените протоколи за заштита од вирусот. После сите контроли и процедури, децата едвај чекаа да седнат на своите клупи.

Advertisements

Многу сум среќна што ја започнавме учебната година.

Дали ти пречи маската? Не. Зошто треба да носиш маска? Затоа што има корона. Треба да држиме дистанца.

Дојдов денеска, почнав во прво одделение. Сакам да имам пријател во клупата, но не можам бидејќи има вирус, рекоа учениците.

Одделенијата со над 20 ученици веќе се поделени во групи. Наставниците имаат двојна работа и очекуваат разни тешкотии.

„Не сме навикнати на ваков начин да прифаќаме ученици. Не сме навикнати да ги делиме учениците во групи, мислам дека е крајно тешко. Принудени сме да работиме во две смени. Верувајте како ќе биде нашиот ефект и колку ние ќе бидеме уморни, резултатот ќе го видиме подоцна, иако јас сум многу скептична во однос на резултатот“, рече Мејлан Амети, наставничка во прво одделение.

Министерката за образование е оптимист дека воспитно-образовниот процес ќе се справи со настанатата состојба.

Настава со физичко присуство е дозволена само за учениците од прво до трето одделение, останатите ќе учат преку интернет. Физичко присуство беше дозволено и за училишта со помалку ученици, но многумина беа одбиени. Барање за ваква настава поднесоа над 800 основни и средни училишта, но дозвола добија само 600. Околу 260.000 ученици и 25.000 наставници во основното и средно образование ќе учат од далечина. Околу 40 илјади други кои потекнуваат од сиромашни семејства или од рурални средини без стабилен интернет, ќе останат и без едното и без другото, па часовите ќе ги гледаат на националната телевизија, а материјали треба да им бидат праќани и дома.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button