ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Наставата во училиштата продолжува со физичко присуство

Министерката за образование Мила Царовска вели дека состојбата со коронавирусот во сите училишта е стабилна. Затоа наставата ќе продолжи со физичко присуство. Според неа, учениците се безбедни, а бројот на позитивни случаи меѓу нив е под 1%, додека 75% од наставниците се веќе вакцинирани.