МАКЕДОНИЈА
Наставник истепал ученик во училиште во Бутел

На социјалната мрежа „Тик – Ток“ се обајви видео содржина, каде може да се види дека во училница, наставник му удира шлаканица на ученик. Според објавата, настанот се случил во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел. Инцидентот го потврдил и директорот. Наставникот предавал англиски јазик, а ученикот бил седмо одделение. Случајот бил пријавен во полиција, а според процедурите, наставникот ќе оди пред дисциплинска комисија.