ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставник нападна средношколец со метален боксирач

Miki Trajkoski

Advertisements

Ученик од втора година во гимназијата Ибраим Темо во Струга попладнево заврши во болница откако професор кој предава англиски јазик го удрил со железен боксирач. Настанот како што раскажуваат други професори се случил во училишниот тоалет, после 13 часот пред да почнат часовите од втората смена.Веднаш потоа професорот се заклучил во својот кабинет, по што учениците се обиделе да влезат кај него, но останатите професори успеале да спречат да дојде до поголем инцидент.Професорката Флорентина Хани била сведок на настанот.

„Од револтот, учениците сакаа да влезат во кабинетот по англиски јазик и сакаа да влезат внатре да да го претепаат професорот“.

Детето, кое е од Велешта, со тешки повреди веднаш било пренесено на хируршкото одделение во општата болница Струга. Оттаму за Алсат информираат дека тоа било примено со повреди и крварење на левата страна на главата и во моментов е во свесна состојба. На овој инцидент му претходел друг инцидент пред два дена,во кој бил инволвиран истиот професор,кој според кажувањата на директорката упатувал непристојни зборови кон друга колешка,а се заканувал и на денес нападнатиот ученик. За тој настан,а на предлог на дисцилинската комисија, професорот бил суспендиран на три месеци.

Станува збор за проблем кој што се провлекува веќе неколку години.Од училиштето велат дека ги имале преземено сите законски мерки кои им стоеле на располагање од усмено и писмено предупредување, суспензија на одредено време ,парична казна за професорот. Поседувале и лекарски наод дека не може да биде на работно место во присуство на ученици. За ова биле известени сите институции. Од Министерството за образование барале да финансираат ново работно место, за да не остане без работа, но одговор не добиле..Од СВР Охрид изјавија дека наставникот е приведен и се работи на расчистување на случакот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button