ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниот кадар и учениците ќе се обучуваат за правилно постапување во случај на катастрофа

Во одредени училишта се уште не се извршени проверки за да се утврди дали е во функција противпожарната опрема и покрај тоа што овие проверки треба да се вршат најмалку еднаш годишно. Министерката за образование Весна Јаневска рече дека за правилно постапување во случај на катастрофа прво ќе се обучуваат наставниците, а потоа учениците.

Advertisements

Првиот човек на Кисела Вода и ЗЕЛС, Орце Георгиевски, рече дека нема простор за страв и паника, додавајќи дека учениците се безбедни. Тој додаде дека во иднина двокатните училишта ќе бидат опремени со надворешни скали.

Ѓорѓиевски призна дека многу стари згради се соочуваат со недостиг од противпожарна опрема. Кажа и дека веќе побарал од сите градоначалници во наредните денови да ги достават записниците од извршените инспекциски надзори од секоја општина, а кои мора да бидат потпишани од сите релевантни лица кои учествувале на теренските контроли.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button