Наставници се соочуваат со потешкотии при работење од дома

Недостатокот на греење во училиштата принудија многу наставници да предаваат онлајн од дома. Нема конкретна одлука за ова. Но, по изјавата на министерката за образование, Царовска дека училиштата во соработка со општините можат да одлучат наставниците да предаваат од дома, за да заштедат пари за греење, некои училишта започнаа да ја применуваат оваа препорака. Но, некои од наставниците со кои контактиравме рекоа дека се соочуваат со многу потешкотии дома, бидејќи не секој наставник успева да обезбеди средствата за работа и интернет. Наставникот, Мамер Шабани, за Алсат изјави дека тој предавал од дома околу две недели, бидејќи училиштето нема греење попладне.
Условите се многу подобри во училиште, особено за оние наставници кои предаваат хемија, физика и други предмети, во однос на наставата што треба да се одржи. Многу наставници настинале, се разболеа и ние бевме принудени да работиме од дома. Откако се разболев, од дома предавам скоро две недели. Бевме на училиште повеќето наставници сè додека не почнавме да се разболуваме еден по еден. Бевме принудени да го напуштиме училиштето и да предаваме дома. Од 13 часот нема добро греење, нема греење воопшто“, рече Мамер Шабани, наставник во ОУ „Исмаил Ќемали“.
Но, има и училишта кои продолжуваат да го спроведуваат учењето преку Интернет во училишните простории. Во стручното училиште „Цветан Димов“, не штедат на греење се додека не бидат принудени да направат измени во работното време на училиштето.
„Доколку ни се закани потешка ситуација, ќе ја разгледаме и другата опција од дома, дури и земајќи в предвид дека некои колеги немаат услови, немаат можност од дома. Постојано сме во контакт со педагошката служба, но и со професорите за да најдеме рамнотежа“, рече Висар Дурак, директор на стручното училиште “Цветан Димов”.
Наставниците и учениците и натаму бараат да се вратат во училиштата за да посетуваат настава, но Министерството за образование соопшти дека тоа зависи од епидемиолошката состојба и дека во моментот наставата ќе продолжи на далечина.
Мелихате Рустеми