ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците кои одржувале часови од далечина требат да се пријават индивидуално за вакцинирање

Наставниците од основно училиште од четврто до деветто одделение и средни училишта, нема да бидат вакцинирани во организирани групи, како што беше случај со наставниците кои одржуваа часови со физичко присуство. Тие треба индивидуално да се пријават за вакцинирање преку платформата „вакцинација.мк“. Алсат дознава дека училиштата биле известени за оваа одлука, каде меѓу другото се вели дека има доволно вакцини за сите наставници.

Advertisements

Алсат достави прашања до Министерството за образование за да дознае како ќе се вакцинираат наставниците и дали нивното индивидуално пријавување може да влијае на почетокот на новата учебна година со физичко присуство. Одговорот што го добивме од Министерството немаше конкретно објаснување.

„Во однос на процесот на вакцинирање, Министерството за образование е во координација со Министерството за здравство како институција одговорна за спроведување на истото.

Во меѓувреме, наставниците бараат вакцинирањето да продолжи организирано. Рушан Фазлиу рече дека само на овој начин можат да се вакцинираат сите наставници и учебната година да започне физички во септември.

„Постои голем интерес од наставниците да се вакцинираме сите со цел следната учебна година да ја започнеме со физичко присуство, како што почнавме претходните години. Верувам дека ќе има пропусти бидејќи некои наставници нема да се снајдат на веб-страниците што ни се препорачуваат. Преку училиште ќе имаме полесна апликација за вакцинација. Не сме обврзани, но целиот тим доброволно чека да се вакцинира“.

Кога станува збор за наставниците,  вакцинирани и ревакцинирани се само наставниците кои го завршиле наставниот процес со физичко присуство.  Вакцинирани се и наставници кои ќе полагаат тестови за државна матура. Сепак, нема точна бројка за вакцинираните наставници.

Melihate Rustemi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button