ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците незадоволни од спојување на повеќе предмети во еден

Интеграцијата на предметите врз основа на новиот концепт на настава предизвика конфузија во организацијата на наставата во основното образование, особено во шесто одделение, предметот „Историја и општество“ во кој се споени предметите: Граѓанско образование, Историја и Географија. Сега ќе се предава од тројца соодветни наставници, но со скратени часови и наставни единици. Исто така, за овој предмет учениците ќе добијат три оценки за на крајот да ја заокружат заедничката оценка. Наставниците се жалат дека на овој начин учениците не добиваат целосно, туку половично знаење.

Advertisements

„Повеќето колеги кои предаваат историја и географија, не се задоволни поради намалувањето на наставните теми. Во првата половина од годината во шесто одделение предаваат само историчари. Во вториот семестар ќе имаме настава по0 географија.Сите тие теми што ги работевме со години, сега ќе ги работиме за само неколку месеци, а тоа ни покажува дека многу е намален обемот на теми по предметот географија“, рече Нагихан Даут, наставничка по географија.

Наставникот Сатки Исмаили ги потсетува одговорните институции дека за прецизно спроведување на новиот наставен концепт мора да се исполнат многу инфраструктурни услови во училиштата. Тој дури рече дека во одредени училишта имплементацијата на новиот наставен концепт останал само на хартија.

„Треба да се земе предвид загриженоста на наставниците, на кои не им е доволна само една добра наставна програма. За да го реализираме новиот концепт, особено во природните науките, но и во општествените, мора да имаме услови. Мора да имаме добро опремени кабинети, каде учениците треба да ги развиваат своите вештини, да ги развиваат своите знаења, да ги применуваат, да прават експерименти и слично“, вели Исмаили.

Интеграцијата на предметите според новиот концепт на настава го намали и бројот на наставни часови по одредени предмети, предизвикувајќи загриженост кај наставниците за губење на работните места. Министерството за образование повтори дека новите реформи не предвидуваат намалување на бројот на наставници во основното образование, туку нивно ангажирање во различни форми.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button