ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците од Арачиново останаа без К-15

Наставниците од Арачиново останаа без К-15

Повеќе од 160 наставници од основните училишта во Арачиново останаа без регрес за годишен одмор предвиден со општиот колективен договор за јавниот сектор. Наставниците револтирани и дискриминирани, велат дека се повторува  манипулацијата што им беше направена за време на пандемијата, кога со физичко присуство вршеа двојна работа, а не им се плаќаше.

Advertisements

„Во случај да не ги добиеме, сите сме спремни заедно со моите колеги, со нашиот револт да не молчиме и еднаш засекогаш да ставиме крај на оваа манипулација со наставниците. Сите училишта ги земаа, зошто да не ги земе нашето училиште? Така се случуваше и за време на пандемијата, ние наставниците кои работевме со физичко присуство… бевме изманипулирани и истиот случај се повторува“, изјави Флориме Лесковица, наставничка.

Покрај револтот, наставниците не го исклучуваат и бојкотот на наставата во второто полугодие.

„Зошто да нема регрес за нас кога парите ги издава Министерството за финансии специјално за наставниците од ова училиште. Не знаеме кои се причините и каде лежи проблемот. За жал, не треба да се дозволи да дојде до бојкот на наставата“, додаде Алберт Хајдари, наставник.

Првиот човек на општина Арачиново Ридван Ибрахими рече дека регресот не е реализиран поради пропуст во пресметката на платите за месец ноември. Според Ибрахими, исплатата ќе биде извршена на почетокот на јануари.

„Бидејќи управата на училиштето не успеа да ја пресмета платата за ноември, имаше дупка. Обезбедивме дополнителни средства, но во трезорот, Министерството за финансии не може да ги издвои тие средства на соодветната сметка за да се реализира регресот “, рече Ридван Ибрахими, градоначалник на општина Арачиново.

Од следната година се очекува вредноста на К15 да биде поголема.

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button