ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците скептични за најавените реформи во образованието

Македонија одамна има потреба од суштински реформи во образованието. Но, тие треба да се изготват внимателно и да бидат долгорочни. Ова е проценка на дел од наставниците. Сатки Исмаили од Тетово вели дека наставниците не треба да бидат жртви на политиката и на честите промени на раководителите во овој ресор.

Advertisements

„Ние сме наставници кои сме за пракса, сакаме новите генерации да бидат генерации кои ќе почнат со промени, со континуирани реформи, но полека, не со ненадејни промени. Таков фински модел не може да дојде кај нас за кратко време. Во сето ова се сомневам дека рокот до следниот септември е многу краток, особено кога имаме состојба на пандемија. Сепак, секогаш сме подготвени за промени, за предизвици. Но, не за експериментални предизвици, како што имавме во последната деценија.“

 Наставникот по географија Гани Амети од Скопје проценува дека спојувањето на неколку предмети во еден, е забрзан чекор затоа што ваквите иницијативи не дадоа резултати во претходните години.

„Мислам дека пред да се постигне ова, треба да има мало редуцирање на другите предмети за потоа да се воведат такви иновации. Предметот историја, географија и граѓанско образование во еден предмет, мислам дека тоа е малку избрзано. Да не дојдеме до тоа повторно да потфрли и сето тоа оди на штета на учениците, ние правиме експерименти со нив. Ја замолив министерката да повика компетентни луѓе, да подготви програми, да види што може, а што не може да биде за подолго време, не за две или три години и да кажеме дека не чини ова.“

Вчера, министерката Царовска најави големи промени во основното образование. Меѓу другото, реформите предвидуваат помалку предмети, повеќе истражувања и анализи, изборни предмети и воннаставни активности. Исто така, новиот концепт предвидува предметот природни науки да ги вклучува предметите биологија, хемија, физика и географија. Додека во предметот општествени науки да влезат историја, географија и граѓанско образование.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button