ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците во училиштата, учениците „во штрајк“!

Учениците и наставниците од основното и средното образование се вратија во образовниот процес по привремениот прекин на штрајкот кој траеше речиси три недели.

Advertisements

Ученичка врева се слушаше во сите основни училишта, но не како и обично. Дојдоа мал број ученици.

“Јас сум деветто одделение и денеска имаше само 10 ученици. Вкупно сме 35”, ученик

“Првите три часа ги одржавме, немаше ученици, па си отидовме”, ученичка

“На многу од учениците им недостасувала наставата. Се надеваат дека ќе го надоместат изгубениот материјал”, ученичка

“Многу ни недостасуваше училиштето, денеска не бевме многу ученици, бевме само 5. Се надевам дека ќе ја надоместиме оваа загуба и ќе се вратиме во нормала што е можно поскоро”, ученичка

“Верувам дека од следната недела ќе можеме да ги надоместиме лекциите, оценките и другото”, ученичка

“Директорите пак, се жалат дека доцна биле известени за прекинот на штрајкот”, ученик

„Штрајкот беше прекинат во погрешно време. Имавме доцнење да ги информираме родителите и учениците за доаѓање на училиште. Сепак, ние како училиште наставата ја почнавме наутро, но присуството на наставници беше мал. Имавме и мал број ученици, имајќи предвид дека сега е петок и имаше многу краток период за информирање, наставата се одржува со оние кои дојдоа“, Халит Лита, помошник директор „Арсени Јовков“

Родителите со кои зборувавме го поздравија крајот на штрајкот. Велат дека секој спор треба да се реши без да им се наштетува на децата.

“Не требаше вака. Не треба да има прекини. Сега им е тешко на децата, особено на матурантите”, родител

“Три недели беа многу време. Товар за родителите, бабите и дедовците. Секој има право да си го бара своето право, но приоритет треба да имаат децата”, граѓанин

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април поради незадоволството на вработените од ниските плати и непочитувањето на колективните договори. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button