МАКЕДОНИЈА

Наталитетот намален во 2020 година

Бројот на раѓања во земјава се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во последните пет години се намалува бројот на раѓања. Сепак, падот во текот на панедмијата е поизразен. Во 2020 година имаше околу 4.500 новородени помалку од пред една година. Само во Клиниката за гинекологија во Скопје, разликата за една година е околу илјада раѓања.

Advertisements

Државен завод за статистика:

2016 година – 23.002
2017 година – 21.754
2018 година – 21.333
2019 – 19.845
2020 година – 15.450 (без декември)

Професорот Абдилсанер Синани од Катедрата за социологија вели дека пандемијата многу влијаела на бројот на раѓања, а додава дека последиците ќе се чувствуваат и во следните 10 години.

„Ова е последица на животот за време на затворањето во четири sида како последица од стравот за здравјето, за роднините и блиските. Неизвесност за иднината. Секако, ова влијае на бројот на бракови и планирањето на семејствата во иднина. Сиромаштијата во Македонија е толку голема што се проценува дека 500 до 600.000 граѓани живеат на граница на сиромаштија, односно не можат да ги исполнат основните потреби на семејството. Тоа има големо влијание врз растот, раѓањата и создавањето на нови семејства, но сепак мислам дека резултатите ќе се појават после пет или 10 години“, рече Абдилсанер Синани, социолог.

Тој вели дека пандемијата многу влијаела на односите што луѓето ги имаат меѓу нив, но и на социјалното и менталното здравје на луѓето.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button