ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
НАТО на онлајн самит по руското признавање на делови на Украина

НАТО денеска, како што е најавено треба да одржи виртуелен самит откако потегот на Русија да признае два отцепени региони во источна Украина како независни, ги зголеми тензиите меѓу Русија и Западот. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг синоќа изјави дека НАТО очекува Русија да изврши напад од големи размери во Украина и затоа ги стави своите сили за брза реакција во подготвеност за да ги брани своите сојузници.
„Сè укажува дека Русија планира масовен напад врз Украина“, изјави Столтенберг по вонредниот состанок на комисијата НАТО-Украина во седиштето на Алијансата во Брисел.