НАТО се интесира за небото над Македонија, а Ковачевски за синдикатот на М-НАВ
НАТО се интесира за небото над Македонија, а Ковачевски за синдикатот на М-НАВ

НАТО официјално изразил загриженост за инцидентот во контролната кула за летови во М-НАВ. Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска потврди дека Северноатлантската алијанса се заинтересирала што се случува, бидејќи додека не функционираше контролата на летање, два авиони од земјите членки на НАТО чекале одобрение да влезат во нашиот простор и во Скопје. Сè уште нема официјална реакција, но може да се очекува наскоро.
И претседателот Пендаровски изјави дека бил прашан од високи претставници на НАТО дали небото над С Македонија е безбедно за авионите на НАТО.
Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски најавува контрола на работата на синдикатот во М-НАВ, обвинувајќи ги за семејни вработувања. Но, Ковачевски рече дека нема информации дали предложениот кандидат за директор, Хекуран Асани е или не е внук на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Владата синоќа го разреши генералниот директор на М-НАВ, првично предлагајќи го Илир Мехмеди, но потоа се покажа дека тој нема лиценца за контролор.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје денеска требаше да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство кое не се согласи четворицата осомничени да не бидат однесени во притвор. Но, денеска од судот не соопштија до каде е постапката. Останатите четворица осомничени и понатаму се во бегство./Алсат.мк
Адриан Керими