Националниот парк Шара на хартија, па планината се „шара“ со дивоградби
Националниот парк Шара на хартија, па планината се „шара“ со дивоградби

Помина една година откако Шар Планина беше прогласена за Национален парк, но тој сè уште не е во функција. العب بلاك جاك اون لاين И покрај ветувањето дека сè ќе биде готово за шест месеци, денеска сè уште недостасуваат канцелариите, нема вработени ренџери и друг персонал, недостасуваат и потребните возила. За досегашните доцнења, министерот за екологија Нуредини ја обвинува пандемијата и светската економска криза, при што повторно вети дека наскоро оваа институција ќе биде ставена во функција.
„Прво беше пандемијата, потоа разни доцнења со доаѓањето на лицата од странство за да ни помогнат, сега се тука, го дадоа и грантот за управување со националниот парк.. При крај сме со процесот“, изјави Насер Нуредини- Министер за животна средина. كازينو اون لاين
Планинарските здруженија алармираат дека додека трае временскиот вакуум, на планината има сè повеќе нелегални викендици, патишта и хотели.
Во отсуство на канцеларија, жителите велат дека немаат каде да добијат дозволи за сечење дрва на нивните имоти. До пред една година нив им ги издавале од Македонски шуми, а сега тоа е обврска на Националниот парк.
„Како нова институција сме во завршна фаза на подготовка на документи за доделување вакви дозволи за сечење дрва. Се надевам дека следната недела ќе бидеме подготвени да издаваме дозволи“, рече Ибрахим Дехари, директор на Националниот парк Шар Планина.
Иако за функционирање на Националниот парк се потребни 80 вработувања на чувари и 20 автомобили, за годинава се планирани само 15 вработувања, а следната уште 10. لعبة اون لاين
Башким Сулејмани