ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нацрт заклучоците на ЕУ сѐ уште празни под точката за Северна Македонија

МИА дојде до нацртот на заклучоците од Самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 23 и 24 јуни, а неизвесноста за Северна Македонија е пресликана и таму, бидејќи точката за земјава за сега останува празна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Заклучоците од Самитот за проширувањето на ЕУ, сега преименувани во „Поширока Европа“, првично се занимаваат со идеите за „нова платформа“ за вклучување на сите земји на европскиот континент и продолжување на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница. Тука е споменат и Западниот Балкан, земјите од Источното партнерство и сите држави партнери на ЕУ.

– Целта е да се поттикне политички дијалог и соработка за справување со прашањата од заеднички интерес за да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент, се наведува во нацрт документот, што ќе им биде доставен на шефовите на држави или влади на ЕУ на 23 и 24 јуни.

Документот потенцира дека оваа „рамка“ нема да ги замени постоечките инструменти на ЕУ, меѓу другото и проширувањето.

Понатаму лидерите се очекува повторно да изразат силна поддршка и заложба да и помогнат на Украина. روليت مباشر Меѓутоа, дискусиите за кандидатскиот статус на Украина, Молдавија и Грузија, исто така, се уште не се ставени на хартија, бидејќи мал број земји членки на ЕУ изразуваат колебање околу доделувањето на ваквиот статус на трите држави.

Што се однесува до Западниот Балкан, Европската Унија уште еднаш ќе ја повтори својата „целосна и непоколеблива“ заложба за членството на земјите од регионот и се стреми да повика на забрзување на процесот на нивно пристапување во ЕУ.

Нацрт-заклучоците се основниот документ што им се поднесува на лидерите и тој може да претрпи измени, зависно од исходот на политичките дебати на Самитот.

Северна Македонија, под точка 13, останува празна, со куса реченица: „преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и ништо повеќе. لعبة القمار

Како што објави МИА утрово, процесот на усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија за сега е неизвесен.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ синоќа разговарале кусо за францускиот предлог и преговарачката рамка. طريقة لعبة بينجو Мнозинството земји членки сакаат да се реши спорот и да се испорача нешто за Скопје и Тирана до крајот на ова недела, но политичката неизвесност во Бугарија не дозволува преголем оптимизам кај земјите на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button