Научникот Васко Саздовски е македонскиот државјанин кој загина при рушењето на настрешницата на жележничката станица во Нови сад
Научникот Васко Саздовски е македонскиот државјанин кој загина при рушењето на настрешницата на жележничката станица во Нови сад

Васко Саздовски, македонскиот државјанин кој го загуби животот во трагедијата на железничката станица во Нови Сад, беше научник на Институтот Биосенс. Ова го потврди директорот на Институтот, Владимир Црнојевиќ. Саздовски работел повеќе од една година на институтот, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство. Тој вчера патувал за Москва, кога се случила трагедијата. Владата најави дека ќе му помогне на семејството на Саздовски, а помош најави и Општина Куманово.
Србија денеска започна истрага во врска со рушењето на бетонската настрешница над влезот на железничката станица во Нови Сад, каде како последица животот го загубија 14 лица. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека 20 лица се сослушувани во врска со катастрофата, вклучително и официјални претставници на министерството.
„Ќе биде обезбедена и документацијата за зградата… кој ги донел одлуките“, рече Дачиќ.
Министерот за транспорт Горан Весиќ рече дека истрагата ќе го опфати и државниот Сообраќаен институт, државните железнички компании и кинескиот конзорциум кој изврши реновирање.
„Истрагите ќе докажат кој ги донел одлуките и кој ги ставил потписите, кој е ангажиран да го провери квалитетот на работите“- рече Весиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вети правда и побара остри казни за одговорните. Во Србија денеска е ден на жалост./Алсат.мк
Ајнур Баќари