СВЕТ
Научници предвидуваат голем земјотрес во северниот дел на Чиле

Петнаесет години по разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Чиле во 2010 година, научниците предупредуваат на можноста од силен земјотрес во северниот дел на земјата богат со минерали.
Земјотресот во 2010 година, кој траеше четири минути и предизвика цунами во кое загинаа 550 луѓе, беше најсмртоносната природна катастрофа во Чиле по земјотресот со јачина од 9,5 степени во 1960 година – најсилниот земјотрес што некогаш бил регистриран во светот, објави Ројтерс.
Чиле е најголемиот светски производител на бакар и втор по големина производител на литиум, а најголемите рудници за бакар и целото производство на литиум се наоѓаат на северот на земјата.