ЗАБАВА

Научници пронајдоа противотров за смртоносната медуза


Австралиски научници сметаат дека пронајдоа противотров за убод од најотровното суштество на светот, морска оса – медуза која претставува најголема опасност за капачите во Индискиот Океан и Пацификот.

Експертите од Сиднејскиот универзитет се обиделе да го разберат начинот на функционирање на отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri), кој може да убие до 60 луѓе и да предизвика ужасна болка.

Само еден убод од ова животно предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, а доколку количината на отров е голема, тогаш доаѓа до срцев удар и смрт.

Тимот научници откри дека на тој отров му е потребен холестерол за да ги убие човечките клетки. Затоа одлучиле да ги тестираат постоечките лекови за холестерол и да утврдат дали тие го блокираат отровот. Еден од тие лекови успеал.

Тестовите се спроведени врз лабораториски глувци и човечки клетки, при што е откриено дека лекот ги спречува некрозата и болката, доколку се примени во рок од 15 минути.

“Се уште не знаеме дали ќе може така да се спречат проблемите во работата на срцето. Треба да ги продолжиме истражувањата и да бараме средства за тоа” – вели еден од научниците.

Морската оса може да биде долга до три метри. Екстремно е опасна бидејќи може да плива, а не само да се движи со помош на струјата.

Научниците се надеваат дека ќе создадат крема или спреј, кои ќе ги неутрализираат убодите од кои според проценките, секоја година умираат десетици луѓе, а илјадници завршуваат во болница.

Извор: енаука.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button