ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Науката вели дека жените треба да спијат повеќе од мажите, еве зошто…

Добри вести девојки! Науката покажала дека мозокот на жените е многу покомплексен од мозокот на мажите, па токму затоа и треба да спиете повеќе. Водечкиот истражувач во оваа студија, професорот Џим Хорн, објаснува:

„Кај жените, недостатокот на сонот е силно поврзан со високото ниво стрес и посилните чувства на непријателство, депресија и гнев. Овие чувства не се поврзуваат до тој степен со нарушувањето на спиењето кај мажите.“

И покрај тоа што знаеме дека 8-часовниот модел на спиење не е идеален избор за сите луѓе, најголемиот дел од нив успеваат да функционираат оптимално и со само 7 часа сон. Но, без разлика на овие навики, професорот Хорн вели дека жените имаат потреба од повеќечасовен сон од мажите бидејќи нивниот мозок функционира на поразличен начин и е многу покомплексен, па нивните навики за спиење се малку позголемени. Оваа комплексност се крие во фактот дека жените најчесто се подобри во мултитаскинг од мажите и го користат својот мозок поактивно во текот на денот, резултирајќи со потреба од повеќе време за негово одмарање.

Професорот заклучува:

„Мажот кој има комплексна работа која вклучува многу носење одлуки и латерално размислување, исто така има потреба од повеќе сон за разлика од просечните мажи… Но, сепак не толку колку што им треба на жените.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button