ВЕСТИ
Наумовски: Македонската економија под индиректен ризик од германската

Синиша Наумовски, од Академијата за банкарство, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат посочи дека македонската економија би можела да биде под индиректен ризик од германската, која, според прогнозите на ММФ, 2023 година ќе ја започне со стапка од -0,5.
„Она што можеби нам, како економија која е зависна со германската и која остварува суфицит само со таа земја, треба да нѐ загрижува, дека можеби ризиците кај нас ќе бидат индиректни, преку германската економија. Проекциите на ММФ се дека таа ќе влезе во 2023 со стапка -0,5“, вели Наумовски.