ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наутро студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде наутро постудено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 28 степени.

Advertisements

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи и утре (среда) ќе се задржи сончевото и релативно топло време, со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Од четврток синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста, а во петок и сабота и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button