ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Наутро студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по котлините, а во текот на денот претежно сончево со мала до умерена локална облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи во интервал од минус пет до пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје се очекува слично време, наутро студено со услови за појава на слaба магла, а преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до еден Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени.