СВЕТ

Навални обвинет за тероризам, поврзан со бомбашкиот напад во Санкт Петербург

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални (46) вчера изјави дека се соочува со нови обвиненија за екстремизам и тероризам кои би можеле да го стават зад решетки доживотно, пишува Ен-би-си. Навални има ново судење, а на рочиштето зборуваше преку видео врска од затвор.

Advertisements

Тој рече дека обвиненијата за тероризам се апсурдни и дека би можеле да го одведат во затвор на 30 години. Критичарот и противникот на рускиот претседател Владимир Путин истакна дека истражителот му рекол дека и тој ќе се соочи со одвоено судење пред воен суд под обвинение за тероризам. Тоа би можело да доведе до доживотен затвор.

„Обвинувањата имплицираат дека извршувам терористички напади додека седам во затвор“, рече Навални.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button