СВЕТ

Навални сместен во озогласен московски притвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е сместен во ќелија во озогласениот московски притвор откако судијата донесе одлука за 30 дневен притвор. Навални беше уапсен на аеродромот во Москва веднаш штом слета од Германија на 17 јануари. 44 годишниот критичар на Кремљ беше уапсен на штандот за контрола на патници на меѓународниот аеродром, веднаш штом пристигна од Берлин, каде што се опоравуваше од нападот со отров во август. За тој напад, Навални тврдеше дека е одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Advertisements

Алексеј Мелников секретар во Комисијата за јавен мониторинг на човековите права на Телеграм напиша дека вчера го посетил Навални во неговата ќелија во озогласениот московски притвор. Мелников посочи дека Навални се чува изолиран во трокреветна ќелија бидејќи треба да виде во двонеделен карантин според протоколите за спречување на ширење на коронавирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button