ЗАБАВА

Навистина ли во животот можеме да се заљубиме само три пати?


Психолозите велат дека секој човек може длабоко да се заљуби само три пати во животот. Ова се коси и со правилото на Шарлот од серијата „Сексот и градот“ каде таа вели дека секој во животот има само две љубови и толку.

Но, сепак постојат три љубови, а посебно внимание треба да се обрне ако ви се случи два пати да се заљубите и потоа да се откажате. Тие велат не смее да постои откажување, бидејќи потребно е да си дадете уште една шанса во љубовта.

Љубов како од бајка

Често ни се случува првата љубов да настапи во раната фаза од животот. Тоа е она чувство како од бајките, тоа се моменти кога идеализираме сè, кога љубовта е буквално како од бајка и цврсто веруваме дека ќе трае цел живот. Чувствата се вистински, постојат, но исто така е многу реална и болката откако ќе заврши сето тоа. Тоа е љубов која нè учи да му дадеме важност на партнерот, да го погледнеме вистински, но исто така да обрнеме внимание и на светот околу. Тоа е време кога емотивно созреваме.

Комплицирана љубов

Втората љубов во животот е онаа што знае да го комплицира. Убедени дека сме ја научиле лекцијата првиот пат, смело влегуваме во нова врска. Се потпираме на претходните искуства, партнерот кој сме го избрале е сосема поинаков од претходниот, целосна спротивност. Сигурни сме во себе, на почеток доминираме во врската, а полека почнуваат да се појавуваат и емоциите. Но, не е сè така розово како што изгледа. Ова е врска во која учиме дека покрај тоа што сакаме да љубиме повторно, важно е и нас на нé сакаат со еднаква сила. И не сакаме ништо помалку од тоа.

Зрела љубов

Ова е љубов која се случува кога сме се откажале од чекањето нешто магично да се случи и кога се фокусираме на други работи. Доаѓа неповикана и не се коси со нашата идеја за тоа како треба да изгледа вистинска љубов. Не е совршена, но е искрена и реална. Ова е фаза од животот кога сме веќе возрасни и кога немаме никакви очекувања. Само оставаме работите да се случуваат од себе. Не губиме време измислувајќи како треба да изгледа љубовта и идеалниот партнер, туку го прифаќаме таков каков што е.

Без разлика која од овие три љубови сте ја искусиле или во моментов ви се случува во животот, немојте да стоите на страна и да се штитите себеси. Емоциите постојат да се се искусат, а љубовта е подобро да се почувстува еднаш отколку никогаш.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button